Освен видливото слабеење, луѓето кои внимавале на времето на последниот оброк забележале дека имаат повеќе енергија и поквалитетен сон.
Ако вашата цел е да изгубите тежина, не треба да одите на диета. Поточно, не треба да ја менувате исхраната, туку да го насочите вниманието на бројките.
Имено, преку истражување дошле до заклучок дека времето кога јадеме е всушност најважниот фактор и дека треба да го почитувате правилото последниот оброк да биде 10 до 12 часа пред будењето.
На пример, ако станете во 8 часот наутро, последниот оброк денес треба да ви биде во 6, или најдоцна до 8 навечер.
Во студијата, која траела 16 недели, оние кои го следеле ова правило изгубиле во просек по 3,5 килограми за многу кратко време.
Исто така, покрај видливото слабеење, луѓето кои внимавале на времето на последниот оброк забележале дека имаат повеќе енергија и поквалитетен сон.