Постојат многу начини на кои можете, да намалите тежина, од правење мали промени во тоа што јадете и пиете до наоѓање поголема поддршка.
Ако сте со прекумерна тежина, губењето на тежината ќе ви даде повеќе енергија и ќе ви помогне да го намалите ризикот од дебелина, срцеви заболувања и дијабетес тип 2.
Првично обезбедете си информации:
Откријте дали имате здрава тежина
Индексот на телесна маса (БМИ) е мерење кое покажува дали имате здрава тежина за вашата висина.
1.Ќе ви требаат вашата висина и тежина за да го пресметате вашиот БМИ( Индекс на Телесна Маса).
2.Користете го калкулаторот за здрава тежина на БМИ
РАБОТИ КОИ МОЖЕ ДА ГИ НАПРАВИТЕ ЗА ДА НАМАЛИТЕ ТЕЖИНА :
Но не мора да правите сè одеднаш, почнете едно по едно и пронајдете што е попримамливо за вас.
-Бидете активни 150 минути неделно – можете да го поделите ова на пократки сесии
-Имајте за цел да ги добиете вашите први 5 здрави оброци/грицки, на ден со 80 грама свежо, конзервирано или замрзнато овошје или зеленчук кои ќе се сметаат како 1 порција/оброк
-Имајте за цел да изгубите 1 до 2 килограми, или 0,5 до 1 кг, неделно
-Читајте ги етикетите на храната – производите со повеќе зелени бои од килибарната и црвената често се поздрава опција
-Заменете ги зашеќерените пијалоци за вода – ако не ви се допаѓа вкусот, додадете парчиња лимон или лимета за вкус, и 1 кафена лажичка мед за блажина.
-Намалете ја храната која е богата со шеќер и масти – започнете со замена на зашеќерените житарки за алтернативи од интегрални житарки
-Споделете го вашиот план за слабеење со некој на кој му верувате – тие можат да ве мотивираат кога имате лош ден.
-Немојте, да слабеете наеднаш со диети
-Не складирајте нездрава храна – пуканки, овошни колачи и ориз може да бидат поздрави алтернативи
-Не прескокнувајте оброци – може да завршите да грицкате повеќе затоа што се чувствувате гладни.
Со вакви мали промени можете трајно да ги намалите и одржите килограмите!